речник контакт

Работниците бараат плата, директорот Камчев не дава

И натаму работниците без најавената плата, тие бараат нов синдикален лидер и проверка каде завршија парите од АД Киро Ќучук

Петар Печков

Нов протест на вработените во АД Киро Ќучук откако во најавениот рок не им е исплатена најавената плата. Стотина вработени, кои не знаат ни каков статус имаат во друштвото се собра пред мензата да побараат од директорот Киро Камчев да им ја исплата ветената плата. Иако рокот за исплата само се поместува, парите никако да дојдат во рацете на 220-те вработени. Тие започна и процедура за  организирање на штрајк а бараат фабриката да оди и во стечај.
    

Директорот Камчев никако да ја исплати ветената палта. Тој со неговиот синдикален  водач полтрон Митко Николов само не лажат. Затоа бараме од надлежните државни институции, финансовата полиција, УЈП, да дојдат да проверат каде отидоа толку пари. Фабриката со години работеше, продаваше цигли, а сепак немаме добиено 20 плати, четири години придонеси за здравство и ПОИМ. Затоа нека се отвори стечај, нека дојде нов газда кој ќе знае да работи, бидејќи има можност за тоа. Земјата да ја копаме и преработуваме и да имаме толкави загуби, тоа е недомаќинско работење и криминал – велат работниците од АД Киро Ќучук.

 

Тие се жалат на синдикалното раководство до друштвото кое иако толку време немале земено плата, ги гушело и не дозволувало да се организира штрајк и затоа овој што е во подготовка ќе биде прв во Киро Ќучук. Немајќи доверба во фабричкиот синдикален водач Николов, тие оформија штрајкувачки одбор. Во два наврати по барање на Фондот за ПИОМ беше побарано отворање стечај на АД Киро Ќучук, но на денот на судското рочиште, раководството од Скопје пријавата била од необјаснети причини повлекувана.

 

Во времето на владеењето на Киро Камчев тој направил долг кон државата и вработените од шест милиони евра, 240 кон УЈП за ДДВ и персонален данок, 80 кон Фондот за ПИОМ и 12 кон Фондот за здравство. Камчев со 33 отсто и Зоран Заев со 28 с е најголеми акционери во Киро Ќучук. Поради неплатена струја, фабриката за цигли не работи пет месеци за кое време работниците се дома на 70 отсто од плата.  Бидејќи тој рок минал а не добиле ново решение, тие не знаат каков им е моменталниот статус.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »