Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2013
Сто и педесетте вработени во велешка Колска понеделник се враќаат на работните места. Ова го најави министерот за транспорт и врски, под чија надлежност е единствената фабрика за шински возила во Македонија. Работа е најдена, откако Јанкеивски на иста маса ги седнал директорот на фабриката и директорот на МЖ Транспорт а при крај се обврските околу комплетирањето на документацијата за продажба на Колска.
Имав состанок со директорите на Колска и Македонски железници транспорт. Има период каде има технички проблеми. Од понеделник ќе бидат на работите места, ќе добијат еден до два патнички вагони и неколку товарни за работа. Наша цел е продажба на Колска на стратешки инвеститор. Завршен е процесот на конверзија на долговите кон државата во нејзини удели. Следи процес на проценка, земјиштето е дадена на Колска и до крајот на годината очекувам јавен повик за продажба на фабриката. Се работи напоредно на два процеси изнаоѓање работа и изнаоѓање стратешки инвеститор - рече министерот Јанакиевски.
Вработените во Колска претпладнево телефонски биле повикани од страна на нивниот синдикат, понеделник да се јават на работните места. Тие на почетокот од месецот заминаа на принуден одмор, оти немаа работа.
Tweet |