Аница Солева
Објавено: среда, 10 мај 2006
Радио Велес со драмата „Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов и годинава ќе учествува на меѓународниот фестивал за радиодрами „При Марулиќ“, што се одржува во Хвар, Хрватска, од 8 до 12 мај. Автор на македонското радиовидување на драмата е Александар Кукулев, кој третпат учествува на фестивалот. Во минатите години се претставил со „Сердарот“ и „Болен Дојчин“. На „При Марулиќ“ ќе се претстават 40 автори од 30 радиостаници, од 20 европски држави. Мотото на годинашното издание на фестивалот е „Во поход на старите текстови“, а пристигнатите трудови мора да бидат постари од 1894 година. (П.П.) Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/]Дневник[/url]
Tweet |