Петар Печков
Објавено: вторник, 08 мај 2012
Велешанецот Орхан Кантуров ( 31год) доби казна затвор од пет години за разбојништво оти нападнал сосетка и со нож и се заканувал по живот. Тој на 21 јули 2009-тата напладне насилно и со закана влегол во домот на И.С. Откако ја заклучил, нејзе и двете малолетни ќерки почнал да ги малтретира. И.С. ја тепал а дури и се заканил со нож со кој и го допрел градите.
Ги тепал и двете девојчиња кои имале 12 и 16 години. Кантуров од нив барал илјада денари, кои наводно му ги должел синот на И.С. Бидејќи таа не можела да му даде пари, оти ги немала, насилникот и го одзел мобилниот телефон. Предизвикана од врисоците на нападнатите, на помош дошла сосетката, по што Кантуров заминал од куќата. За ова дело, разбојништво тој во Основниот суд доби казна затвор до пет години.
Осудениот се наоѓа на отслужување казна затвор за друго дело. А пред еден месец доби четири години затвор за друго дело разбојништво. Во Основниот суд против него се водат и други дела за кривична одговорност, поради разбојништво и кражби.
Tweet |