речник контакт

Разбојник нападнал старица на улица

И ја скинал обетката од увото и од џебот украл илјада денари

Петар Печков

Вчера попладне околу 17 часот на улицата Ѓорѓи Димитров во Велес извршено разбојништво над лицето Б.Ц. (77) од Велес од непознато лице кое  ја пресретнало оштетената  и ја нападнало. Откако  ја прашало каде живее лице по име Зоран потоа со употреба на сила со една рака ја фати за левото уво и и ја откинал златната обетка,  а од   левиот џеб од нејзиното палто одзел една банкнота од 1.000 денари по што побегнал со такси.

Постапувајќи по пријавата велешката полиција  во 21 часот истиот ден сторителот го пронашла и привела. Извршено е препознавање  од страна на старицата која го идентификувала. Станува збор за Сефа  Д. ( 32 год) од Велес  против кого е поднесена кривичната пријава за “разбојништво“  и е  изведен пред истражен судија.

СВР Велес во моментов работи на целосно документирање и на други, вкупно 20, кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“ за кои постојат основи за сомнение дека приведениот  Сефо .Д. ги сторил во изминативе три месеца на подрачјето на Велес. На осомничениот му се изрекувани и затворски казни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »