Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2020
Неделата вечер на плоштад Којник бил огребен маркет, откако сторителот со закана по живот на вработената ги одзел парите. СВР Велес со кратко соопштение информираше за разбојништвото.
На 25.10.2020 околу 22.00 часот во маркет на плоштад „Којник“ во Велес, едно лице со закана, од касата ги земало парите од дневниот промет -соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |