речник контакт

Разбојници нападнале автомобил кој превезува пари на среде улица

Вооружен грабеж на возило во движење полно со пари. Полицијата фатила двајца осомничени како можни сторители

Петар Печков

Две лица маскирани  со фантомки на глава, нападнале автомобил на обезбедување, кој превезувал пари.  Откако се дале во бегство, полицијата ги фатила и сторителите и ги нашла  парите.  Настанот се случил околу 12,30 часот на улицата Алексо Демниевски Бауман, пред Пензионерскиот дом и близу автобуското стојалиште кое било полно со ученици, кои чекале превоз   за дома.  Една жена  сведок преплашена зборуваше за тоа што го видела. 

Автомобилот поздапре на пешачки премин, оти некој минеше  и две момчиња кои седеа на оградата од пругата скокнаа врз колата. Ги искршија задните стакла, со пиштолот,  и   земаа  три - четири  кутии  кои викаат биле  полни со  пари и избегаа кај салата и кон паркот. Момчињата беа со маски на главата и сини јакни  - вели жената која била сведок  на разбојништвото.

Сторителите се дале во бегство, кон Градскиот парк од каде со комбе, со скопски регистарски таблички сакале да го  напуштат Велес. Од блиската кафетерија го виделе комбето како дошло и по  10-тина минути набрзина потоа возело кон излезот од паркот.  Две дечиња на 10 годишна возраст раскажуваа што се случувало во паркот.

Возеа брзо со колата, ама тука каде е сега им застана, не сакаше да запали, да трге. Тие истрчаа од неа и се упатија кон онаа куќа таму. Беа со фантомки на главата, како во филмовите. Имаа и пиштоли. Се криеја таму,  дојде полицијата ги најде и ги фати. Сега ги бараат пиштолите и облеката која ја фрлија - вели детето.  Од СВР Велес потврдуваат дека е случено разбојништво и дека се фатени две лица, како можни сторители.

 Две непознати лица со  закана со оружје извршиле разбојништво над вработени во „Перпетуум Мобиле“ кои со патнички автомобил вршеле достава на парични средства. Сторителите ги земале кутиите во кои биле паричните средства, ги ставиле во нивниот патнички автомобил и се упатиле кон крстосницата- кон село Башино Село. Полициски службеници веднаш излегоа на лице место, пронајдено е возилото со одземените кутии, по кратко лишени се од слобода две лица за кои постојат основи на сомнение дека се можните сторители - изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.   Додава дека  превземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »