речник контакт

Разбојници утрово ограбиле старица во нејзиниот дом

Со вербална закана по животот одземени биле 70 илјади денари. Полицијата вели сторителите фатени, парите вратени

Петар Печков

Утрово старица  е ограбена во својот дом. Полицијата вели дека го фатила сторителите.

Околу 07.30 часот две маскирани лица влегле во куќа на улица „Вера Циривири“ и од сопственичката Б.М.(68) со закана по извршено пребарување и одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што, го напуштиле местото на настанот. По брза интервенција на полициските службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што, кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетените - изјави Веерољуб Додески портпарол на СВР Велес.

Од таму најавуваат дека по целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »