речник контакт

Разбојниците во домот на велешанецот кого го нападнаа и ограбија среде бел ден, влегле со барање да го проверат саатот за вода

Едниот сторител бил откриен со помош на камерите од околните објекти

Петар Печков

Со сослушувањето на сведоците во Основен суд Велес продолжи судењето за разбојништвото, за кое се обвинети Димче Цветков од Велес -претходно Ферди Амедов и Серџук Шерифов од Струмица. Сведочеше ќерката на оштетениот Панче Илиев, сега покоен.  

„Бев известена од мајка ми дека е извршена кражба во нашиот дом, се упатив кон станот, јас не живеам таму. Кога стигнав пред вратата го видов татко ми, седеше на скалите повреден. Имаше  модрило и отоци на главата, крвареше од увото, беше потресен, не беше во добра состојба. Ми кажа Биле не ограбија, ни ги земаа парите.  Екипата на брза помош му даде неопходна помош и ме советуваа да одиме во болница за детални анализи, бидејќи бил нападнат со електро шок со некаков апарат на струја. Татко ми почина по 6-7 месеци од нападот. На пат кон болница ми кажа дека се сомнева во едно лице, рече дека е Циган,  се извинувам ако некој се навреди. Рече дека се сомнева на него оти му дал  300, не кажа каква валута, дека работел кај мајка ми во ЈКП Дервен.  Дека парите  му ги дал на рака на врата. На моето прашање дали на секој кој доаѓа на врата му дава по 300 денари, рече не беа денари туку евра. Бев изненадена и не го продолжив разговорот.  Дополнително рече дека биле во три наврати по сто евра, вкупно 300 на лице именувано Ферди. Напаѓачот бил облечен со портокалово елече како вработените од ЈКП Дервен, низок, брадест, имал капуљача. Кажа дека биле двајца Ферди и уште еден кој не го познавал“ - сведочеше  Билјана Стојановска.

На прашање од одбраната на обвинетите рече позајмицата била во три наврати  а подоцнапарите  биле вратени. За вториот напаѓач мислам  рече дека е Ром.  

Сведочеше и полицискиот инспектор Сашко Јанушев кој работел на случајот. 

„Панче ни кажа дека е нападнат од човек облечен во ЈКП Дервен алишта. Друг сведок го кажа истото, дека такво лице излегло од влезот во моментите кога Панче од терасата викал и барал помош. Од две камери во близината, при прегледот го видовме тоа лице со облека од ЈКП Дервен и капуљача мине на тротоарот од Дворови кон влезот во зградата на Панче а по извршеното дело заминува мине  нагоре кон Потша. На снимките беше облечено како што беше опишан, со елече од ЈКП Дервен, палто и панталони, капуљача, Ром  и од ошетениот и од сведокот и изгледот беше  како описот како што ни го дадоа. По оперативни сознаија дознавме за кого станува збор и потоа го идентификувавме каде се наоѓа со помош на мобилниот, во Банско -струмичко.  Добивме сознанија дека бил вклучено и лицето Димче Цветков со кога семејно си имале иди ми дојди ми и кој земал позајмици од оштетениот.  Негова биолошка трага ДНК пронајдовме на ѕвончето пред влезната врата на нападнатиот. Кога го нападнале  го оставиле и заклучиле во едниот стан а тие влегле во другиот  каде ровареле. Панче рече дека им отворил на дервенци оти барале  да го проверат саатот. Веднаш ме удрија со електро шок, ме спржија, рече Панче“ – кажа сведокот Јанушев.  

На прашање од обвинителката Анастасија Миланова дали лицето кое го барале е пристуно во судницата, Јанушев покажа и го именуваше Серџук Шерифов.  На прашање од одбраната тој кажа дека оштетениот Панче не го познавал напаѓачот.  Судењето продолжува со сослушување на други сведоци. 

Серџук Шерифов и Димче Цветков се  обвинети за кривичното дело разбојништво, тие  не признaваат вина. Според обвинението тие во група на 16 октомври 2024 година го нападнале оштетениот, сега починат. Од неговиот дом биле одземени пари и накит.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »