Петар Печков
Објавено: среда, 29 август 2018
Во петокот на 24 август годинава во Велес, извршено било разбојништво во колонијал, а одземени биле 8 илјади денари, информираа од СВР Велес.
Во 15.45 часот во Полициска станица Велес е пријавено дека на улица „Тодор Јанев“ во колонијална продавница е извршено разбојништво од страна на едно непознато лице. Сторителот со нож се заканил на вработената и одзел 8,000 денари, по што, истата го затворила во маркетот.Разб ојникот успеал да го напушти местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот - информираа од СВР Велес.
Tweet |