речник контакт

Разбојништво над орешанец кај Превалец

Претепан и одземени му се сто илјади денари

Петар Печков

Минатиот четврток , околу 18,50 часот, на регионалниот пат Велес -Чашка, кај населбата Превалец  М.А.(28) од селото Ореше- велешко бил нападнат од петмина засега непознати сторители, соопшти МВР.

Откако М.А.  со својот автомобил   марка „БМВ“ се упатил кон селото  бил пресретнат од два  автомобили, исто така БМВ. Едното возило за застанало пред него, второто зад него за да не  може да се движи.  Од автомобилите  излегле пет непознати лица, кои  му ги издупиле гумите на возилото,  насилно го извадиле М.А. од автомобилот и со употреба на физичка сила, го натепале и извршиле разбојништво над него одземајќи му околу 100 илјади  денари.

СВР Велес  презема мерки за откривање на сторителите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »