речник контакт

Разрешена е судијка од Основен суд Велес

Разрешената судијка има право на жалба до жалбениот совет на Врховниот суд

Петар Печков

Судијка од Основен суд Велес била разрешена на вчерашната (понеделник) седница на Cудскиот совет. Според  пишувањата на медиумите кои ја следат работата на  ова тело,  судијката е   неправосилно разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите поради сторена крупна професионална грешка.

Одлуката на Судскиот совет не е правосилна затоа што разрешената судијка има право на жалба до жалбениот совет на Врховниот суд.

Разрешената судијка  за прв пат била избрана за судијка во Основниот суд Велес во јануари 2011 година. Медиумите пишуваат дека станува збор за судијката Наташа Мишева. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »