речник контакт

Раководителот на секција Петровец на Македонија пат, не е виновен за две сообраќајки на автопат кај Велес

Обвинителството се откажало од негово гонење. Но затоа сопственикот чија крава шеташе по автопат доби условна казна

Петар Печков

Божидар Цветковски  од Скопје раководителот на секцијата на Македонија пат  кај Петровец не е виновен за  две сообраќајки кои се случија близу Велес, откако обвинителството и во двата случаи кога го гонеше, се повлече.

 Првата сообраќајка  се случи на 12 декември 2012-тата година, во која единасет автомобили беа оштетени откако излетаа поради лизгавиот автопат. Обвинителството во текот на судскиот процес ја повлекло кривичната пријава, со која го товарела Цветковски за ,,Несовесно вршење надзор над сообраќајот,,.

Откако еден од сведоците на судскиот процес, патар,  кој бил задолжен да ја следи состојбата на коловозот на автопатот на делницата  Велес  - Скопје, изјавил дека  утрото на 12.12.2012 година, не го информирал раководителот за тоа каква е состојбата на коловозот на автопатот  по  што  обвинетиот  не знаел дали има потреба од издавање наредба за расчистување на некој дел од патот.

Поради ова обвинителството смета дека  не се исполнети елементи на кривичното дело Несовесно вршење надзор над сообраќајот и   ја повлекло кривичната. Во оваа сообраќајка на 12 декември близу Велес,  поради лизгавиот терен и осојничавото место единесет автомобили во 9 часот излетаа од автопат, повредени немаше.

Обвинителството се откажа и во друг случај  на гонење на раководителот Цветковски за исто  кривично дело ,,Несовесно вршење на надзор над сообраќајот,,  за настан кој се случил на 21.01.2014 година во 17,10 часот. Тогаш на автопат на делница Велес- Скопје, близу  клучката за влез во градот, две лица се тешко повредени со нивните возила  откако  и двата автомобили  удриле во крава која била на коловозот од автопатот.  

Обвинителството се откажало откако во увидот во градежниот дневник констатирале, дека времето кога кравата излегла на автопат  е во период помеѓу две редовни контроли за состојбата на автопат, па раковoдителот не можел да знае дека  заштитната  мрежа е оштетена и кравата се нашла на автопат.

Затоа пак сопственикот на кравата, кумановецот Авдиљ Демири доби условна казна  затвор, три месеци доколку во следната година дена не стори друго кривично дело.

Тој го признал делото, предизвикување општа опасност, оти несоодветно го чувал домашното животно, кое ја минало заштитната ограда, влегло на автопат и во него удриле два автомобили, при што двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »