Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 септември 2011
Изминатиот викенд се одржа третиот тениски турнир Велес опен, на теренот во Градскиот парк.
Победник е Филип Раковски кој во двоиполчасовното финале го совлада Ѓоре Зафиров со 2:1, по долга и исцрпувачка борба. Раковски иако претходно играше финале и во младинска конкуренција имаше сила да се врати во игра иако противникот водеше со 1:0 во сетови а во третиот Зафиров имаше предност од 4:1 и сервираше за победа при водство од 5:4 и 6:5.
Третото место го поделија Бруно Ставревски и Љупчо Црвенпанов. Во младинското финале Раквоски со 2:0 го победи Црвенпанов. Организтор на турнирот беше ТК Борец, кој очекува дека следото издание, догодина, ќе биде на вистински тениски терен.
Tweet |