речник контакт

Ракомет Македонија - Србија во Велес

После десетина години, во Велес ќе се одржи меѓународен натпревар, овој пат во ракомет.

Петар Печков

После десетина години, во Велес ќе се одржи меѓународен натпревар, овој пат во ракомет.

На 21-ви март, петок, во 17, 45 часот во салата 25 мај ќе играат репрезентациите на Македонија и Србија, средба од Балканското првенство. Веднаш потоа во 19,45 часот ќе се сретнат репрезентациите на Босна и Херцеговаина и Турција. Ова се натпревари од второто коло, додека тие од првото и третото ќе се играат во Скопје.

Меѓу повиканите 21 репрезентативци е и велешанецот Влатко Темелков, кој игра за германската екипа на Вилштат ТВ 08. Последен пат Велес бил домаќин на македонската реперезентација во 1997-та година која ги угости Македонија и Словачка, но поради недоличното однесување на навивачите, кои ја исврикаа сопствената реперезентација оттогаш ниту во еден спорт нема гостување ниту една државна селекција на официјален натпревар.

Ова воедно ќе биде можност да се видат организационите способности на домаќинот за евентуално доделување на една група од женското  младинско  Светско првенство, кое летово ќе се одржи во Македонија.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »