речник контакт

Ракометарите, два од два

Победа за екипата на Велес во футсал, пораз за фудбалерките

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец, новиот член на Супер лигата, имаат одличен старт во новото друштво. Во првите две кола тие забележаа две победи  и двете ан домашен терен. Втората победа е остварена над екипата на Прилеп 2010  со 25:20, полувреме 10:8.  

Домаќините беа постојано во водство, гостите се закануваа израмнија на почетокот од второто полувреме на 11:11, за потоа Борец повторно да создаде разлика која на крајот им носи три бода. Најефикасни кај велешани беа Лазаровски,Стојановиќ, Игнов  со по пет гола додека кај гостите 6 имаше Шаренац а 5 Петковски.  Следното коло Борец игра со Вардар јуниор. 

 Во Првата футсал лига, екипата на Велес на домашен терен го доби мечот против Иларет од Куманово со 3:0 откако гостите не допатувале во Велес. Следното коло, в сабота велешани кои се втори на табелата му гостуваат на лидерот во Скопје екипата на КМФ Јувентус Серава.   

Кај жените, во Првата фудбалска  лига, екипата на Борец дома загуби од лидерот Кочани со убедливи 4:0. Во следното четврто коло, велешанки патуваат за Струга каде играат со екипата на  АС јунајтед.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »