Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 декември 2016
Ракометарите на Борец го победија лидерот на табелата во Супер лигата, екипата на Еурофарм Работник од Битола со 33:31, полувреме 18:16. Како и пред две седмици така и саботата вечер падна водечкиот тим во најквалитетното македонско ракометно друштво. И во овој натпревар велешките ракометари покажа врвен квалитет, играа со високо темпо и на крај славеа и се радуваа на трите бода. Илиев имаше свое шоу и постигна 12 гола, додека Барос кај битолчани имаше 9 погодоци. Со ова петта по ред победа, ГРК Борец се искачи на четвртото место од табелата со 20 бода. Во следното 14-то коло Борец гостува на Металруг 2, кој е седми со 18 бода.
Одбојкарите на ГОК Борец загубија на гостувањето во Скопје, против екипата на Вардар со 3:1 ( -17, 22, -23, -19). По ова петто коло Борец е четврти со осум бодови а скопјани со победата ги преминаа на табелата. Во наредното коло игра дома со УГД Студент, кој е седми со една победа.
Tweet |