Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јуни 2016
Со победа над екипата на Вардар 2, ракометарите на ГРК Борец и следната сезона ќе играат во најквалитетното македонско друштво, Супер лигата. Тие во баражот кој се и граше во Прилеп победија со 26:20 (15:9). Составот ан велешани во сите 60 минути беше во водство така што во ниту еден момент победата над скопјани, не беше доведена во прашање, ниту средбата имаше неизвесност. Ова беше натпревар на Борец како претпоследен во Супер лигата и вардар 2, како втор од Првата лига. Во редовите на Борец најефикасен беше Гинов со 8 гола а Ивица Лазаревски постигна 6 на прошталниот оти од есен се сели во Пелистер. Кај третата екипа на вардарци по квалитет, пет гола постигна велешанецот Тоше Ончев.
Бараж играа и фудбалерите на Бабуна, кои како прваци на Општинската фудбалска лига се надеваа дека ќе стигнат во Третата фудбалска лига Југ. Но во сабота се поразени во Росоман од напредок од Крушеане –прилепско и подобро изведување на пенали 10.:9. Во регуларниот тек заврши без голови. Така Бабуна не успеа во двата настапи за се пласира еден ранг повисоко, каде се натпреваруваше до пред една година. Затоа пак фудбалерите на Напредок успеаја да се радуваат во третиот бараж меч, откако ги загубија претходните два. Во првиот беа поразени од велешки Гемиџии со 1:0. Така од есен во Третата лига Југ која ќе бори 16 екипи ќе има три велешки: Превалец, Борец и Гемиџии.
Tweet |