Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 октомври 2017
Ракометарите на Борец тргнаа моќно во новата сезона на Супер лигата. По нерешениот исход во првото колов против Пролет во Скопје, во третото коло победија на домашен терен. Во салата Гемиџии ГРК Борец славеше со 29:22 (16:8) против екипата на Прилеп 2010. Велешани беа екипата која постојано беше во водство и уште во 20 минута по 12:4 навестија дека ќе бидат победници. До крајот на средбата домаќините без многу проблеми го одржува водството и на крајот славеа за три бода.
Најефикасен во редовите на Борец беше Ордев со осум гола, а кај гостите Тренчески со седум. Во следното коло ГРК Борец гостува во Битола против Пелистер, кој е лидер на табелата со две победи и еден пораз.
Во Втората лига ФК Борец гостуваше во Радовиш на екипата на Плачковица и загуби со 1:0 ,со гол кој гои прими во судиското продолжение а стрелец беше Роберт Коцев. Со овој пораз лошата слика од стартот на првенството се комплетираше, со уште послаби игри и бледи изданија на велешкиот второлигаш, кој најави борба за Прва лига.
Така по 6 кола Борец 1919 се најде на скромното шесто место со девет бодови. В сабота е важен натпревар оти на Градски доаѓа лидерот Беласица, која има 6 победи од шест натпревари или двојно бодови повеќе од велешани. Средбата се игра со почеток од 14,30ч.
Tweet |