Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 септември 2017
Започнаа натпреварите од Супер лигата во ракомет а велешки Борец во првото коло со бод се враќа од гостувањето кај Пролет 62 од Скопје. Натпреварот заврши со резултат 28:28 полувреме 18:14. Велешани биле во водство се до 20 минута на средбата по што со серија голови домаќините поведуваат и го завршуваат со предност од +4 за нив. Борец во вторите 30 минути ја топи предноста за да во финишот и поведе 28:27. Домаќините израмнуваат имаат и удар од 7 метри во 29 минута кој Колев го брани, по што средбата завршуваа со 28:28 или по бод за секого. Најефикасен во редовите на Борец беше Илиев со 9 гола, кај домаќините Ласко Андоновски кој е со велешко потекло а постигна 6 гола. Во следното коло Борец треба да гостува во Богданци на тимот на Младост, но судбината на клубот е неизвесна, ракометарите не ја одиграа и првата средба.
Во третото коло од Првата женска фудбалска лига, велешанки гостуваа во Македонска Каменица. Таму победија со цели 14:0 против екипата на Саса, дебитант во ова друштво. Во четвртото коло кое се игра на 4-ти октомври на Градски во Велес доаѓа екипата на Речица. Таа има една победа од три средби а ЖФК Борец со 6 бода е 4-ти од 12 екипи.
Се одигра и третото коло на Третата лига Центар. Во градското дерби во Башино село, Илинден загуби од ФК Превалец со 1:0 кому ова му беше прва победа. Гостите се радуваа со голот на Ристе Станковски, Бабуна пак по двете победи загуби минимално со 1:0 во Росоман. По три кола ФК Бабуна е трета со 6 бода, Илинден БС е 9-ти а ФК Превалец е 12 со по три бодови.
Во следното коло ФК Превалец го пречекува соседот на табелата Слога која има само 2 бода, Илинден гостува на Големо Коњари кој е 11-ти со 3 бода, додека дербито е помеѓу Бабуна и Вардар Неготино кој е лидер и е непоразен.
Tweet |