Петар Печков
Објавено: среда, 31 октомври 2012
Во неизвесен натпревар, во дербито на дното од табелата, екипата на Битола како гостин го победи Борец со два гола предност 28:26. Натпреварот беше израмнет и неизвесен и двете екипи наизменично се менуваа во водство. Решавачка предност битолчани ја создадоа во средината на второто полувреме по 45 –тата минута. Тогаш ракометарите на Борец водеа со 20 : 19 и за пет минути гостите направија серија од четири нула и поведоа со 23:20.
Домаќините се обидуваа да фатат приклучок но безуспешно, не успеаја да реализираат два седмерци, имаа и два играча повеќе во поле, но нивните голмани во овој период финишот на средбата не одбранија ниту еден удар на битолчани. Тие со право си заминаа со победата и бодовите од салата Гемиџии во Велес. Најефикасни во нивните редови беа Ѓоргиевски со 8 и Трајковски со шест гола, додека кај Борец се истакна Темелковски со 9 гола .
Tweet |