речник контакт

Ракометарите на Борец штрајкуваат

Каква судбина го очекува клубот, кои имаше европски соништа

Петар Печков

Ракометарите на Борец прекина со тренинзите и нема да го одиграат натпреварот од следното коло, поради неисплатени плати. Тие започнаа штрајк незадоволни од состојбата во клубот, која кулминирала со голем долг и негрижа. Поради ова виси саботниот првенствен натпревар од 11-тото коло  против екипата на Куманово.   

Максимално се вложуваме на терен а добиваме минимална, поточно никаков надомест. Плата и премии не сме земале од септември,а  веќе е при крај ноември. Добивавме ветувања дека по секој натпревар од последните пет кола ќе ни биде исплатено, а ништо од ветеното – велат ракометарите на Борец.

Тие одржаа вонреден состанок, но немаше кој да ги слушне нивните поплаки, бидејќи претседателот на клубот Мартин Клинчаров  веќе подолго време не доаѓал во клупските простории. Во меѓувреме од ресторанот каде се хранеле ракометарите им било порачано дека не можат да добиваат повеќе оброци, оти клубот подолго не ги плаќал сметките. Сопствениците на  станот каде живеат ракометарите кои не се од Велес  им кажале да се бараат ново сместување од следниот месец, бидејќи долгот бил висок за неплатена станарина.

Ваквите информации ги очајуваат ракометарите  кои не знаат каква иднина имаат во  РК Борец. Тие одбиваат дека ремито во последното коло  со  екипата на Битола  е резултат на нивен бојкот, туку резултат на се послабиот тренажен процес, кои сега се сведувал на футсал играње, отколку уигрување на ракометни шеми.  Главниот спонзор, Кочо Анѓушев вели дека тој ги исполнил сите негови обврски. 

Парите кои  беа наменети и одвоени за спонзорирање на РК Борец се исплатени. На почетокот од сезоната имаше ветувања  и од  други спонзори, кои за жал сега ги нема. Редно е и тие да го почитуваат договореното, како што јас ја исполнив мојата обврска – рече Анѓушев.

РК Борец по десет одиграни кола се наоѓа на второто место од Супер лигата, без пораз и со три нерешени натпревари, а со четири бода заостанување зад водечкиот Пелистер. Пред почетокот на ракометната сезона се најавуваше дека екипата има аспирации за пласман во самиот врв и борба за излез во евро-куповите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »