Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 април 2011
Екипата на Леов Бартек со победата над Ел Коритон од 24:14 полувреме 14:4, стигнаа во завршницата од Купот на македонија. Тие се најдоа во друштво со победниците од останатите три турнири, Жито Прилеп, ЖРК Вардар и ЖРК Металург.
Велешанки немаа многу проблеми во остварувањето на овој успех, бидејќи лесно и уверливо ги победија противниците на турнирот кој се одржа во салата на ОУ Блаже Конески.Претходно во осминафиналето Леов Бартек ја победи екипата на ФОН Универзитетото со 27:13.
Велешанки и во 2007-та влегоа во финалниот турнир, откако тогаш во групата во Велес не одиграа ниту еден натпревар, бидјеќи сите противници се откажаа па дојдоа во завршницата од Куопт.
Со ова екипата на Леов бартек го повтори успехот на ракометарките на Борец од пред десетина години, кога исто учествуваа во завршницата од Купот, каде беше елиминирана од тогашниот европски гигант Ѓорче Петров.
Леов Бартек веќе утре, вторник ќе го знаат противникот во полуфиналето од купот, како и местото каде ќе се игра завршницата од ова натпреварување. Ист успех годинава постигнаа и ракометарите на Борец, кои се најдоа меѓу полуфиналистите од Купот.
Tweet |