речник контакт

Ракометарот Кузмановски стана велешки зет

Тој ја побара за сопруга а велешанката Моника Игнова му кажа ,,ДА,,

Петар Печков

Славејќи го 23-тиот роденден, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски се одлучи да ја побара за сопруга неговата девојка, велешанка Моника Игнова.

Настанот се случил во битолски ресторан, пред најблиските на двајцата млади.   

Тие од есен ќе живеат во Магдебург - Германија, каде македонскиот репрезентативец ја продолжува неговата кариера.

Младите сеуште не решиле кога ќе биде свадбата, но најверојатно до година по завршувањето на натпреварувачката сезона. 

Моника е поранешна одбојкарка и е во блиска роднинска врска со ракометниот репрезентативец Дејан Манасков, мајката на Моника и мајката на Дејан се сестри.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »