Петар Печков
Објавено: вторник, 11 јуни 2019
Велешкиот ракометар Костадин Петров (27 год) кариерата ја продолжува во Шпанија, во РК Гвадалахара. Оваа информација ја објави шпанскиот весник ,,Марка,, .
Петров кој потекнува од РК Борец како пивот следните две сезони ќе настапува за шпанскиот лигаш, кој оваа сезона ја заврши на 12-тото место од 16 екипи. Тој во Македонија има настапувано за РК Радовиш, РК Куманово, РК Металург и РК Пелистер.
Петров беше член на македонската ракометна репрезентација на минатогодишните Медитерански игри во Тарагона Шпанија.
Екипата на РК Гвадалахара има повеќе засилувања за следната сезона и нов тренер со нови амбиции за висок пласман.
Во најсилната шпанска лига АСОБАЛ настапува и велешанецот, интернационалецот Дарко Димитриевски во екипата на Синфин Сантандер.
Младиот ракометар Тоше Ончев пак изминатата сезона настапуваше во францускиот второлигаш Верноле.
Tweet |