Петар Печков
Објавено: недела, 06 мај 2018
Поранешниот ракометар на “ Вардар“ , велешанецот Тоше Ончев стана заштитно лице на бутик од Скопје. Тоше ја презентира новата колекција на бутикот со фотосесија направена во родниот Велес. Ончев беше дел од Рк Вардар , а неодамна потпиша договор со ракометниот клуб “ Верноулет„ од Париз каде ќе живее следната една ипол година.
Јас како спортист немам баш искуство како модел, но сакав да се пробам и за моја среќа добив многу пофалби за фотките од пријателите. Ракометот ми останува на прво место, но ете ја засакав и фотографијата, вели Ончев. Тој игра на позицијата лев бек е неговите почетоци со ракометот се со РК Борец од Велес
Tweet |