речник контакт

Рампата за Дворови никако да се крене

Жителите на месноста стравуваат, оти не знаат кога возот ќе наиде а тие мораат да минат преку пруга

Петар Печков

Три дена рампата за Дворови, на железничката пруга Велес - Гевгелија е спуштена. И додека соседните две, таа на мостот Гемиџии и таа кај   Народната кујна функционираат, оваа не работи. Жителите на месноста стравуваат, оти не знаат кога возот ќе наиде а тие мораат да минат преку пруга.

Три дена рампата е спуштена. И минеме бидејќи постојано  и светлосната сигнализација свети на црвено. Не знаеме кога возот ќе наиде а мораме да  преминеме, оти цел ден нема  да чекаме - велат жителите од Дворови.

 Додаваат дека вработени од Македонски  железници постојано биле тука и работеле, но никако рампата да се крене. Набргу по ова мина патнички воз на МЖ, околу 10,30 часот. Тој возеше со мала брзина и со силен звучен  сигнал предупредуваше дека воз е на  пругата и наидува. Како превентива, некој од возачите на спуштената рампа, да не тргне да минува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »