речник контакт

Рапидно опаѓа бројот на грипосани во велешко годинава

Првата седмица од февруари има 36 случаи со што Велес спаѓа во градовите со сезонска активност од грип

Петар Печков

Bo текот на петтата седмица од оваа 2026 година, во Велешко се регистрирани само 36 случаи на лица заразени со грип.

Со оваа бројка, Институтот за јавно здравје Велес го категоризира дека бележи сезонска активност.

Од почетокот на годинава бројот на „грипозни“ е во постојано опаѓање, од 109 во првата недела, 111 во втората седмица, што беше максимум годинава. Потоа следи опаѓање на 96 и 42 лица во претходните седум дена. 

Од сезонски грип во Велес  на крајот од октомври и почетокто на ноември се вакцинираа 3.017 граѓани со бесплатната вакцина и 55 со комерцијалните кои чинеа 800 денари. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »