речник контакт

Раскажување на заедничката историја преку фотографии

Патувачка изложба на фотографии ги поттикнува посетителите да погледнат подалеку од националните граници и да ја испитaaт заедничката ( западно) балканска историја.

Петар Печков

Старата изрека „сликата вреди илјада збора“ е дефитивно вистинита за изложбата на фотографии Балканска приказна [http://www.balkantale.com/project_gallery.php], која беше отворена претходно овој месец во Бањата на ветровите -- Музеј на грчката фолклорна уметност во атинската област Плака, и ќе трае до 8-ми април.

Патувачката изложба на фотографии беше организирана од атинскиот Институт Гете, со финансиска помош од ЕУ, и се фокусира на Отоманската ера и нејзиното културно влијание врз Балканот низ објективот на пет фотографи со седиште во Западен Балкан. Низ паралелни интерактивни настани, истата има за цел да ја охрабри заштитата на спомениците доловени на фотографиите.

Образовните програми на шест јазици им ги претставуваат на учениците животите на балканските народи меѓу 14-тиот и 20-тиот век. Посетителите се враќаат во времето со сликите, звуците и миризбите од отоманските времиња.

Изложбата и проектот во целина започнаа откако беше заклучено дека балканското културно наследство се игнорира“, рече за SETimes историчарката и надзорничка на проектот, професорката Кристина Кулури.

Поголем дел од постојните градби од отоманскиот период се уништени, но постојните џамии, мостови, јавни бањи, цркви и аквадукти се гледаат во ново светло.  Проектот за изложбата -- кој е резултат на соработка на историчарите од регионот -- ја предизвикува публиката да погледне надвор од националните граници и да ја испита заедничката балканска историја.

Периодот пред формирањето на балканските нации-држави, кој е поврзан со неколкувековното отоманско присуство на Балканот, е „мрачна“ ера во двојна смисла на зборот -- тој е непознат и се смета дека нема културна вредност“, објасни Кулури.

Но, целта на проектот е да се истакне оваа „заборавена страна на нашата заедничка балканска историја преку спомениците од Отоманската импрерија, во поголем дел, јавните згради ,што ги користеле’ различни етнички и верски групи“.

Кулури додаде дека балканскиот народ со векови егзистирал во соживот во рамките на византиската и отоманската империја, или во различни, или во гранични нации-држави или во рамките на Европа, која по 1989 година почна да го шири своето поимање на „границата“ како концепт.

Погрешно е да се смета дека соживотот е само хармонија и мир. Напротив, соживотот вклучува и конфликти и војни. Европа е најјасен пример за ова. Во последниов век, двете светски војни се случија на нејзина територија, но нејзиниот народ, мнозинството, смета дека припаѓа на иста културна целина и дека прави унија во рамките на своите разлики. Имајќи го предвид ова, ние понекогаш заборавиме дека Балканот е Југоисточна Европа“, рече таа. Сите фотографи што учествуваа се согласија дека дадената можност да го испитаат историското и културното значење на неколкувековните локалитети и споменици, ги мотивирала да се вклучат во проектот.

Се чинеше како природно продолжение ... најпрво да се долови карактерот на овие локации, а потоа фотографски да се претстават“, рече за SETimes скопјанецот Иван Блажев.
Блажев смета дека Балканска приказна претставува живописен пример за креативниот соживот и ја истакнува неговата конструктивна важност во денешната реалност.

Има многу примери од вистинскиот живот за хармонијата. Од друга страна, ме боли кога ќе видам и ќе помислам на многу примери од вистинскиот живот каде што ваквиот соживот се негира и се чини невозможно да се постигне. Мене ми доаѓа природно да мислам дека соживотот е можен, но сепак, понекогаш, се прашувам дали сум само еден идеалистички оптимист“, рече тој.

За Германката со живеалиште во Тирана, Јута Бензенберг, сето ова претставува шанса да се посетат местата во Албанија кои никогаш порано не ги посетила, и предизвик „да се почувствува“ дел од нејзината историја преку нејзините споменици.

Не сакав да ги фотографирам овие градби на туристички начин, туку да се обидам да ја доловам нивната употреба и улога во секојдневниот живот на луѓето“, рече Бензенберг за SETimes.  Таа брзо ја посочи нејзината потрага по директна врска со предметот на нејзината уметност.

Понекогаш си одам дома без да ја почувствувам таа специјална врска ... па се враќам и чекам нешто да ме допре ... тоа е она што јас мислам дека го прави овој проект интересен; имате пет различни визуелни погледи на историјата“, објаснува таа.

За мене тука се работеше за испитување на значењето на овие споменици во актуелното социјално и политичко опкружување во кои припаѓаат“, рече за SETimes фотографот со седиште во Белград, Иван Петровиќ. Тој додаде дека за него, соживотот на балканските народи не треба да биде проблем воопшто, со оглед на тоа што сето тоа е само политика. За парижанецот Камило Нолас, целта на Балканска приказна е рушење на стереотипите и излегување од „демонизацијата“ на Отоманскиот период.

Мислам дека концептот на границите не треба воопшто да постои. Суштината е во тоа што преку проекти како овие ние успеваме да видиме што не зближува, да ги идентификуваме добрите работи што другите култури ги оставиле зад себе преку нивното поминување“, рече за SETimes Нолас, кој живее во Атина. Нолас рече дека преку своите патувања низ Грција, тој открил преку спомениците дека во секојдневниот живот луѓето живееле во хармонија. „Синагоги, цркви и џамии стојат една до друга.“

Од Атина Балканска приказна ќе патува во Солун, Белград, Приштина, Скопје, Тирана и Брисел, а потоа и во Германија.

Текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »