речник контакт

Раскошниот мозаик на Старата епископска базилика од Стоби пред јавноста

Заврши финалната фаза од конзерваторско – реставраторските работи на мозаикот што го красел подот на најстарaтa ранохристијанска црква во земјава – Старата епископска базилика во Стоби ...

Петар Печков

Во периодот од месец aвгуст до месец ноември 2014 год., НУ Стоби ја реализираше финалната фаза од конзерваторско – реставраторските работи на мозаикот кој што го красел подот на најстарaтa ранохристијанска црква во Р. Македонија – Старата епископска базилика во Стоби. Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Проектот опфати  детална обработка на фрагментите од мозаичниот под со вкупна површина од 160 квадратни метри и негово враќање на оригиналната местоположба во базиликата. За таа цел, за првпат во историјата на конзервацијата и презентација на мозаиците in situ (на самото место), беше изградена слободно стоечка челична конструкција што ја има улогата на нов носач на мозаикот.

Челичната платформа беше изградена со цел да се спречат деструктивните влијанија на атмосферските и на капиларните води врз мозаикот, а и за да не се нарушат постарите архитектонски структури коишто беа откриени под нивото на мозаикот.

На овој начин беше обезбедена и целосна реверзибилност на конзераваторско-реставраторските процеси. По враќањето на мозаичките фрагменти на оригиналната местоположба, беше извршено финално спојување и ретуширање на фрагментите со цел да се долови автентичниот изглед на мозаикот.

Тоа е последниот процес кој беше изведен годинава, со што, речиси комплетно е завршена конзервацијата, реставрацијата и финалната презентација на најголемиот мозаик кој е откриен на територијата на Република Македонија. Заради преземање конзерваторско–реаставраторски активности, овој мозаик бил подигнат уште во далечната 1991 година и сè до денес не беше достапен за научната јавност и за посетителите на Стоби.

Проектот за неговата финална конзервација, реставрација и презентација започна да се реализира во 2012 година, кога беше археолошки истражена целата површина под мозаикот во базиликата, а продолжи во 2013 година 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »