Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 мај 2026
Распишан е конкурсот за наградата „Рациново признание“ која се доделува за прозни, литературни остварувања, на автори од Република Северна Македонија, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2025 до април 2026 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Конкурсот го распиша Општина Велес, која последните две години е организатор на манифестацијата „Рацинови средби“.
Конкурсот е отворен до 15-ти мај 2026 година.
Минатогодишен добитник е делото „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска. Таа со ова дело подоцна ги доби сите најзначајни награди во земјава, меѓу нив и за Роман на годината и наградата „Стале Попов“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело.
| Tweet |




