Петар Печков
Објавено: вторник, 03 март 2026
Општина Велес го распиша конкурсот за актерската награда „Петре Прличко“ за 2026 година. Предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност, а кандидатите треба да се професионални драмски актери и државјани на Република Северна Македонија.
Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација. Не се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си. Крајниот рок за доставување на предлози е 12 март. Наградата се врачува на театарскиот фестивал „5ре“ посветен на Петре Прличко, кој годинава започнува од 28 март. Тричленото жири ќе биде објавено дополнително.
Досегашни добитници се: Благоја Спирковски-Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов-Дац, Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова, Кирил Гравчев, Диме Илиев, Младен Крстевски, Игор Џамбазов, Јордан Витанов, Слободан Степановски, Тони Михајловски, Слободанка Чичевска.
| Tweet |




