Петар Печков
Објавено: четврток, 01 април 2021
Министерството за образование го распиша конкурсот за упис на ученици во прва година, средно образование, за учебната 2021/22, кое е задолжително. Во четирите велешки средни училишта има слободни 780 места, што е далеку помалку отколку претходната година, кога имаше 1.011 слободно место, или 1.088 во 2018/19-та.
Ова се должи на помалиот број на паралелки во Економското- две, и по една во Хемиското и Гимназијата. Згора на тоа во Коле Неделковски и во Димитрија Чуповски има класови каде бројката на ученици кои ќе се запишат во прва е 25, не 34, што резултира во вкупно 231 слободно место помалку во прва година средно во Велес.
Во прва година Гимназија ќе се запишат 170 ученици во пет паралелки, 136 ученици во четири паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на албански јазик
Во прва година економско Јовче Тесличков ќе се запишат 102 ученици во три паралелки со настава на македонски јазик Економско - правна и трговска струка: економски техничар- бизнис администратор и продавач - референт за продажни услуги.
Во прва година „Коле Неделковски“ ќе се запишат 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик. Машинска струка – 118 ученици, четири паралелки
- машински техничар/ машинско - енергетски техничар
- техничар за компјутерско управување/ машински техничар за моторни возила
- техничар за производно машинство
- автомеханичар/ заварувач/ обработувач на метал
Електротехничка струка - 136 ученици, 4 паралелки
- електротехничар за компјутерска техника и автоматика
- електротехничар за електроника и телекомуникации
- електротехничар- енергетичар
Сообраќајна струка, 1 паралелка - техничар за транспорт и шпедиција
Угостителско - туристичка струка 1 паралелка - готвач/ келнер
Во прва година во Хемиското училиште Димитрија Чуповски ќе се запишат 186 ученици во шест паралелки со настава на македонски јазик за:
Хемиско - технолошка струка - 50 ученици, 2 паралелки
- техничар за заштита на животна средина
- месопреработувач / пекар
Здравствена струка - 102 ученици, 3 паралелки
- медицинска сестра
- фармацевтски техничар
- медицински лабораторискo- санитарен техничар / физиотерапевтски техничар / гинеколошко- акушерска сестра
Лични услуги една паралелка
- техничар за козметичка нега и убавина
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14, 15, 16 и 17 јуни 2021 година. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година.
Tweet |