Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Продолжува распределбата на хуманитарна помош за социјално ранливите категории која е донација од УСАИД. Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес на семејствата од ризичната група доделуваат по еден пакет со храна и еден пакет со средства за хигиена. УСАИД обезбеди 198 пакети со прехранбени производи и со средства за лична хигиена. Им се помага на граѓаните и семејствата кои се најпогодени од економската криза предизвикана од вирусот ковид- 19.
Досега се поделени по 91 пакет од храната и од хигиенските средства и тоа во руралните средини. Ги поделиме според листата добиена од Министерството за труд и социјална политика. Од понеделник продолжуваме со распределбата пакетите во градот - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Досега биле посетени Бузалково, Горно Оризари, Башино село, Отовица, Чолошево, Сливник, Црквино, Мелница, Долно и Горно Јаболчиште, остануваат уште пакетите за Рудник, Иванковци. Во хуманитарната акција е вклучена и Територијалната противпожарна единица.
Tweet |