Петар Печков
Објавено: петок, 20 март 2015
Десет лица се евидентирани дека се заболени од туларемија во општина Лозово. Од нив 8 се во село Каратманово и по еден во Ќоселери и Лозово. Три нови регистрирани случаи во последните 24 часа во Каратманово, беа причината да се прогласи епидемија. Жителите на селото се во страв, што може да им се случи по здравјето, какви поледици и дали децата се заболени.
Не обвинија дека сме нечисти, не одржуваме хигиена, така сме се разболеле. А ние стравуваме по здравјето, пред се на децата. Пред три месеци во селскиот водовод, во базенот беа пронајдени угинати стаорци. Тогаш кога за ова реагиравме, никој не не сфати сериозно. Денес во цистерна ни донесоа технолошка вода за пиење, кој требало да ја превриеме, ами таква имаме и од селскиот водовод - велат жителите на Каратманово, кое брои околу 800 жители а во селското училиште настава до 5-то одделение посетуваат 16 деца.
Заради приемена на мерките откако во селото беше прогласена епидемија, стручни лица од велешкиот Центар за Јавно здравје, облечени во заштитни комбинезони, тргнаа по заразените семејства.
Нема место за паника. Ставени се 3 до 4 илјади парчиња апчиња во водоводот. Ова е превентивно, оти заразата не е од водата, туку од контакт со измет на глувците. Водата се хлорира, за жителите се носи вода со цистерна. Се прави и дератизација на домовите на заразените и дезинфекција. Училиштата во Лозово и Каратманово се заштитени и дератизирани. Важно е жителите да немаат контакт со свежи измет и мокраќа од глушец. По домовите се делат природна флаширана вода - изјави д-р Флоренитна Ристоска Шурбевска директор на Центарот на Јавно здравје Велес.
Тие делеа и едукативен материјал по куќите во селото. Таа препорача ловците и земјоделците да внимаваат при контактот со диви животни а кои биле невообичаено кроти за нив. Тоа се однесувало на дивите зајаци, верверици, лисици. Заменикот градоначалникот на Лозово, со став дека заразата е пренесена преку тутунот.
Поради климатските услови тутунот беше со голема влага. И со чистењето, кога се пегла, останата е некоја бактерија на тутунот и така се заразени. Потребно е хигиена да се мијат рацете, храната. Од Црвен крст од Свети Николе во Каратманово ни носат флаширана вода, а од Велес во цистерна вода за пиење - рече Коста Штерјов заменик градоначалник на Лозово.
Tweet |