Петар Печков
Објавено: сабота, 14 август 2021
Расте бројот на заразени со ковид во велешко и на хоспитализирани во Болница. Изминатите 24 часа во велешко има девет нови случаи на лица позитивни на корона вирусот во Велес и велешко.
Ова го објави Министерството за здравство. Вкупниот број на активни случаи е 42 лица.
Во однос на вчера, еден нов пацинет во ковид центарот во велешка Болница
„На Инфективно одделение вкупно се хоспитализирани осум, пациенти, седум се потврдени позитивни и еден пациент е сомнителен.На кислородна поддршка се тројца пациенти“- кажа др- Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
Tweet |