Петар Печков
Објавено: петок, 26 февруари 2021
Денес, петок во велешко има 10 ново заразени лица со ковид-19, а четворица се оздравени. Ова се податоците кои денес , петок, ги објави Министерството за здравство. Активни се 250 случаи а досега се заразиле 3.426 лица.
Како жртва од последиците на корона вирусот во велешко има 111 починати лица.
Во велешка Болница соопштија дека кај нив се хоспитализирани 42 пациенти, од кои 29 се потврдени позитивни, петмина сомнителни и осум се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се единаесет пациенти.
Испишани се шестмина пациенти како оздравени со по еден негативен тест.На Инфективно одделение се 33 пациенти, од нив 28 се од Велес, по двајца од Свети Николе и Лозово и еден е од Градско. На Интерно одделение се девет пациенти.
Tweet |