Петар Печков
Објавено: недела, 04 април 2021
Повеќе оздравени 37, отколку ново заразени 34 се регистирани во велешко, од Министерството за здравство. Со ова бројот на активни случаи е 814 лица а досега се заразени 4.712 лица.
„Починат е еден пациент на 67 г.возраст од Велес позитивен, лекуван четири дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 49 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ – соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. Бројката на починати од последиците на ковид-19 во велешко е 141 пациент.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 98 пациенти, од кои 89 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и шест пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 54 пациетни или е исполнето во целост, на Интерно се шест а во Модуларната болница се 38 пациенти додека капацитетот е 47 кревети.
Tweet |