речник контакт

Расте интересот за вакцинација, секој втор жител во велешко примил барем една доза вакцина за заштита од ковид-19

За помалку од два месеци процентот на опфат со вакцина во велешко порасна од 31 на 49 отсто. Најмногу вакцинирани има во Неготино, Кавадарци и Охрид

Петар Печков

Во велешко вакциниран за заштита од ковид-19 се без малку секој втор жител. ова го покажуваат подароците кои ги објави Министерството за здравство. Или низ бројки прва доза вакцина примиле 25.652 лица а втора доза 21.049 а процентот е 49,1 отсто. Податоците се за лица над 18 години а за велешко се однесуваат освен за Велес и за соседните општини Градско и Чашка.  На ниво на држава процентот е 44,6.

Претходно вакви податоци беа објавени на 19-ти јули, кога третина од жителите на велешко се биле вакцинирале, барем со една доза.   Тогаш процентот на опфат беше 31 отсто. За помалку од два месеци процентот на вакцинирани во велешко скокна до 50 отсто. Во велешко досега се заразиле 5.844 лица со корона вирусот а 184 починале од последиците.

Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 63,4 и 62,3, Охрид 61,4  па Гевгелија со 59,3 отсто. Од поголемите градови состојба е следна: Битола 55,8, Куманово 34,8, Кочани 40,3 , Струмица 33,4, Тетово 39,6 Штип 51,9,   Прилеп 49, Гостивар 30,5, Струга 31,7.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »