Петар Печков
Објавено: четврток, 04 февруари 2021
Од година во година расте свеста на велешани за селекцијата на отпадот. Така во 2020-та собрани се 61,226 тони отпадно стакло, од нив 34 тони од граѓаните и 27,2 тони од угостителите. Ова се бројките кои ги доставија од локалната власт, по поставеното прашање за количините на собрано отпадно стакло.
За споредба во 2019-та собрани биле 42 тони отпадно стакло, од нив 27,861 тони се од домаќинствата и 14,060 т. од кафулињата и рестораните. Во 2018-та било собрано 21,7 т отпадно стакло додека во првата година на негово организирано собирање, 2017-а имало скромни три тони.
Лани имало намалување при собраните отпадни батерии, и тоа за 50 кг помалку отколку во 2019-та. Или во бројки лани биле собрани 81 а година дена претходно биле собрани 131 кг. за споредба во 2018-та биле 48кг а во 2017-та 40 кг.
Минатата година собрана е електрична и електронска опрема како отпад во количина од 5.571 кг што е блиску до таа од 2019-та кога имаше 5,8 тони.
Tweet |