Петар Печков
Објавено: сабота, 10 јуни 2017
Поетот Филип Клетников и проф. Д-р Мишел Павловски делото на Рацин и пеотот го споредија со џин и грамада. Така кога организатор,,Рациновите средби,, ја премолчи навредата од Цветан Чилиманов, вчеравечер на отворањето на манифестацијата , овие двајца учесници, му вратија дел од нагазеното достоинство на поетот и револуционер велешаенцот Коста Солев Рацин.
Помладиот Клетников директно го одбрани Рацин од навредите упатени од Чилиманов од пред три месеци, споредувајќи го со ,,џин,, неговото дело кое е темелник на поновата македонска литература.
Проф. доктор Мишел Павловски пак зборувајќи за богулимите, за кој Рацин пишувал со ,,пасија и возбуда и така да го определи идентитетот на Македонецот,, и дека тоа е ,,чисто македонско јавление и културно наследие,,.
Коста Солев Рацин е грамада на македонската литература, столб меѓник на кој се држи нашата култура, како што се Григор Прличев, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Крсте Мисирков, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов - рече во беседата проф. д.р Мишел Павловски, кој потенцира дека зборува и како раководител на одделението за литература во 20 век при Институтот за Македонска литература и како член на претседателството на Друштвото на писатели на Македонија.
54-те Рацинови средби ги отвори директорот на манифестацијата Васил Зафирчев. Тој зборуваше за азбучарењето, перформанс подготвен од организаторот, во кој секоја буква од македонската азбука е поврзана со Рацин.
Да се создаде азбука според Рацин, е да се испише еден важен дел од историја на македонската книжевност, да се пишува врз каменот темелник на современата македонската поезија. Се одлучивме за ваква перформативна категорија, на отворањето на манифестацијата, да акцентираме дел од препознатливите поетски но и животни афирмации на Рацин, глаголејќи ја неговата азбука во кампања која траеше еден месец и која го сврте окото на публиката одново откривајќи го поетот – порача Зафирчев.
Во продолжение се одржа и поетскиот митинг на кој учествуваа поетите на Друшвото на писатели на Македонија- Олга Панкина која на руски ја рецитираше Татунчо, Филип Клетников, Мирјана Тренчева, Игор Крајчев, и Александра Велинова, а од Клубот на писатели Кочо Рацин од Велес Веле Алексовски.
По завршувањето на првата вечера од манифестација, гостинката од Скопје Мирјана Тренчева во холот од театарот, каде се одржуваше настанот упати неколку сериозни прашања.
Зошто толку малку присутни, публика. Кога пред десетина години доаѓав, градот живееше за овој настан, имаше многу народ. Гледам нема ниту поети од Балканот, каде исчезнаа, зошто ги нема- праша Тренчева.
Вечерва, од 21,30ч. е доделувањето на Рациновото и Почесното Рациново признание и концерт на пијанистот Дамир Имери.
Tweet |