Петар Печков
Објавено: вторник, 15 септември 2020
Петок 25-ти и сабота 26-ти септември ќе се одржат годинашните 57-ми по ред Рацинови средби, подоцна од терминот во јуни, кога со години наназад с случува. Причината е состојбата со корона вирусот. Поради тоа планирано е настаните да се одржуваат на отворено, во Амфитеатарот на Младински парк. Деновиве жирито треба да го соопшти добитникот на наградата Рациново признание а по распишаниот конкурс.
На манифестацијата ќе се одржи меѓународна научна конференција на две теми „75 години современ македонски јазик, азбука и правопис“ и „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски“ . Ќе има и поетски меѓународен митинг со учество и на странски автори, некои ќе бидат присутни физички, други преку видео читање. Ќе бидат врачени наградите, ќе има промоција на книги, поетски перформанс на велешките актери. Сите настани ќе се одржат согласно протоколите за заштита од ковид-19 - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
На двете вечери предвидени се и настапи, мини концерти првата вечер на групата „Синтезис“ а на втората на велешкиот камерен оркестар „Ангел Шурев“.
Познати се добитниците за Почесното Рациново признание, тоа се професор д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и професор д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.
Tweet |