речник контакт

Рациновото признание за ,,Бледи сенки,, на Дурацовски

Сузана Мицева е добитничка на ново востановената награда ,,Антологија на болката,, за дебитантска необјавена книга поезија од современ млад поет

Петар Печков

 Романот ,,Бледи сенки,, на Димитрија Дурацовски е годинешниот добитник на Рациновата награда. Ова е одлуката на жирито авторот Паскал Гилевски и Марија Георгиева  Димова и Емилија Шелева  професорки на Филолошки факултет и теоретичарки на книгата.  Новина е што од годинава признанието се доделува за  прозна книга која е иновација во форма, содржина и структура. Токму ова жирито го препозна во делото на  Дурацовски.   

Овој роман се издвојува со својата  иновантна авторска постапка. Присутни се различни жанровски модели, вкрстосување на интимен поттекст и обраќање и порака  кон актуелната општествена иотуација. Од друга страна ова дело оживува  на суптилен начин две слики и далечни гласови од интимното  и колективно минато, во кое секој може да се препознае. Со ова дело Дурацовски дава автентичен придонес на  осовременувањето и збогатувњето  на р азвојните потенцијали и текови на современото  домашно прозно товрештво - изјави Паскал Гилевски, претседател на жирито и минатогодишен добитник на Рациновата награда.

 За ова награда пристигнале кандидатуриа за  девет книги. Жирито едногласно одлучило за романот  на Дурацовски. Тие во потесна конкуренција издвоиле две дела, побединчката  ,,Бледи сенки,,  и ,,Алма Малер,, на Сашо Димоски. 

Можам да изразам задоволство од новото раководство на Рациновите средби, кое ни овозможи самостојна и независна работа без никави интервенции од страна, што за жал  се случуваат при некои други вакви книжевни жирирања во земјава. За пофалба е што на манифестацијата  се  дава акцент на иновативноста, развојност и осовременување.   Романот на Дурацовски недвосмислено ја потврдува своајта вредност, бидејќи се обраќа на современиот човек преку комплексен и слоевит пристап,  - рече проф Шелева.  

За жирито  со естетичка профилација на наградата, се  отвора нова страница во Рациновите средби како поетска  манифестација, која со поддржувањето на книжевните иновации во формата , структурата и содржина на прозните дела, даваат нови одредници и смерници во новата македонска книжевност.

Сите пет дела кои влегоа во потесниот избор, на различен екстензитет и интензитет, го потврдија  основниот периметар   на естетики профилираната награда, иновативноста. Имам впечаток дека таа е секогаш движење помеѓу традицијата и  иновацијата. Во сите дела можеме да го препознаеме играњето  и поставувањето на гранците, било да се тематски или жанровски.  За жал само  еден може да биде добитник на наградата - образложи проф. Марија Георгиева  Димова.

Беше објавена и добитничката на ново востановената награда ,,Антологија на болката,, за  дебитантска необјавена книга поезија од современ млад поет. Ана Ќовкарова  директор на издавачакта куќа ,,Култура,,  Сашо Димоски и Игор  Крајчев поети и писатели одлучиле наградата да и припадне на скопјанката Сузана Мицева за ,,Мостот на копнежите,,. Нејзиното дело ќе го објави ,,Кулутра,, и ќе биде промовирано на 52-те Рацинови средби кои ќе се одржат на 11 и 12 јуни.   Таа ја доби наградата меѓу седуме пристигнати аплицакии. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »