речник контакт

Рациновото признание за Ана Стојаноска, Почесното постхумно за Предраг Матвеевиќ

Стојаноска е вработена како професор на Факултетот за драмски уметности Скопје, дипломирала општа и компаративна книжевност а магистрирала и докторирала театрологија. 12 години чекала нејзиниот роман да излезе од печат

Петар Печков

Објавени се добитниците на наградите  за 54-те Рацинови средби, кои  на 9-ти и 10-ти јуни   ќе се одржат во Велес.  Рациновото признание за 2017-та  му се додели на романот ,,Јас  и Лин, отпосле,, на Ана Стојаноска в о издание  на Блесок, додека Почесното Рациново  признание постхумно го довива Хрватот Предраг Матвеевиќ. Стојаноска наградата ја добива за романот, кој жирито во состав   Владимир Јанковски, професор Марија  Георгиева Димова и  Сашо Димоски едногласно одлучило дека од 20-те дела кои конкурирале, најдобар по  иновација по форма, структура  и содржина, инвентивност  и пристап е ,,Јас  и Лин, отпосле,, .  

,,Јас  и Лин, отпосле,, е роман во кое авторката успешно си поигрува со книжевниот вид  роман, комбинирајќи  различни книжевни постапки. Тоа е текст  кој може да се чита  како отворен книжевен експеримент, во кој преку преплетување на неколку различни конвенции се создаваат специфични жанровски микстури – ја образложи  одлуката проф. др. Марија Георгиева Димова. 

Стојаноска  е вработена како професор на  Факултетот за драмски уметности Скопје, дипломирала општа и  компаративна книжевност а магистрирала и докторирала театрологија. Таа е една помладите добитнички на престижно Рациново  признание, заедно со плејада автори кој ја  одбележале македонската литература. 

Овој  роман го напишав пред 12 години. Стоеше во различни фиоки, конкурирав во повеќе издавачки куќи и ,,Блесок,, го превозна романот и реши да го објави.   Ова е многу емотивен момент за мене. Многу важно е за мене, бидејќи  Рацин  е  исклучително важен во мојот живот.  За некој  што  пораснал со Рацин, што го добил аманет до  родителите, што учел да чита и Татунчо му била омилена песна, што се вљубувал  со Антологија на болката, ова признание е чест и гордост. Се надевам дека мојот роман ќе направи промена во  македонската книжевност     – рече добитничката Стојаноска. 

Наградата Почесно Рациново призвание прв пат постхумно ја добива Хрватот Предраг Матвеевиќ, за неговите заслуги за афирмација и  промоција на македонскиот  јазик, книжевност и култура во странство.  Оваа одлука е донесена од  професорите доктор Јелена Лужина  и Људмил Спасов.    

Матвеевиќ е истакнат  универзитетски професор, шеф на три  катедри од респективни Универзитети, Загрепскиот Сорбона и римската Ла Сапиенца. Тој е хуманист,ма полиглот , идеалист кој доживотно застапуваше постулатите за братство, еднаквост  и слобода, левичар од автентична Рациновска провениенција, граѓанин на светот, докажан пријател на Македонија.    Тој 55 години беше универзитетски професор и доживотен  почесен  потпретседател  на ПЕН а од 2009-та е член  на МАНУ. Тој со негова  иницијатива македонскиот поет Јован Котески го спасил од  одлежување казна   затвор од  пет години    – рече Лужина.

Наградата за  љубовна твитер порака од 140 карактери ја доби Кавадарчанката Надица Тренчева. Таа напиша ,, љубов и мир ил љубов и војна, љубезно од Љубомир за Љубојна,,.  Претходно беше објавено дека добитник на    наградата ,,Антологија на болката,, за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет   е стихозбирката "Тело одречено од пливање" од Митко Апостолов.

Манифестацијата се организира со  финансиска помош на Општина Велес и Министерството за култура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »