речник контакт

Рациновото признание за Димоски и Јанковски

Почесното за проф. Д-р Борислав Павловски од Хрватска. Наградите ќе бидат врачени петок вечер на затворањето, во велешки театар

Петар Печков

Наградата ,,Рациново признание,, годинава ја поделија двајца автори Сашо Димоски и Владимир Јанковски. Ова е за прв пат во постоењето на манифестацијата ова награда да  биде доделена на двајца автори.  Димоски ја одби за делото ,,Петтото годишно време,, додека  Јанковски за ,,Невидливи љубови,,.

Нив ќе им биде врачена на  затворањето на Рациновите средби петок вечер во велешки театар.  И двајцата автори се дел од младите  македонски прозаисти. Членовите на жирито и двата романа ги  оценуваат како компактни, прецизно артикулирани, маркантни дела, кои имаат една заедничка тема – љубовта. 

Констатиравме како жири дека најинтригантните книги пријавени на годинешниот конкурс ― најиновативни „во форма, структура и содржина“, како што стои во конкурсните одредби ―ги имаат напишано токму најмладите македонски прозаисти. Годинешното Рациново признание  ја поддржува и ја афирмира токму најмладата македонска проза, жири-комисијата својата одлука ја заклучува со убедување дека македонските издавачи и автори ќе ја препознаваат и во иднина ќе ја поддржуваат токму ваквата профилација на оваа респективна награда – ја образложи наградата Јелена Лужина, која беше дел од  жирито заедно со Димитрие Дураковски  како минатогодишен лауреат и Елизабета Шелева.  

И двајцата автори се дел од младата генерација автори прозаисти   Јанковски  роден 1977 година   и   Димоски роден 1985 година. 

Ова признание интимно многу ми значи поради  мојот однос кој го негувам, живеам кон творештвото на Рацин. Ова награда подразбира  да се живее, да се мисли, расудува во духот на тоа што Рацин го поставува како стандард – истакна добитникот Сашо Димоски чија книга е во издание на  Кулрура.   Двајцата добитници ќе добијат Рациново  признание и ќе ја поделат паричната награда која е во висина од 60 илјади денари.

Многу ми е мило што имав можност да ја добијам оваа награда, бидејќи некои од моите омилени македонски  писатели ја добиле оваа награда. И сега и јас ја добивам. Практично нема значаен, квалитетен и добар писател  кој  ја нема добиено наградата. Ставањето во оваа книжевна вертикала за мене е огромна чест но и одговорност е да се продолжи со поквалитетни дела – рече Јанковски, исто така добитник на Рациновото признание. Неговата книга ја  издаде ,,Антолог,,.

,,Почесното Рациново признание за придонес на афирмација на македонската литература надвор од границите на земјава, годинава го доби проф. д-р  Борислав Павловски  дипломирал југославистика и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што магистрирал и докторирал на драматургијата на Коле Чашуле.  

Од македонски јазик на хрватски јазик има  преведено  21 драма, 13 македонски романи. Тој е награден по предлог  на проф. д-р Људмил Спасов. И нему наградата ќе му биде доделена на затворањето на Рациновите средби, петок вечер.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »