Петар Печков
Објавено: недела, 11 јуни 2017
Вчеравечер на свеченото затворање на 54-тите Рацинови средби, беа врачени признанијата за добитникот на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2017 година.
Романот „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Станојоска е добитник на „Рациновото признание за 2017“. Жири комисијата во состав Владимир Јанковски, професор Марија Георгиева Димова и Сашо Димоски го избрала од 20-те пристигнати дела е, најдобро по иновација по форма, структура и содржина, инвентивност и пристап.
За мене ова признание значи, сите зборови што си играле со мене, јас сум си играла со нив, пред повеќе од една деценија, си нашле свое место во македонската литература. Рациновото признание ме обврзува да пишувам подобро и поактуелно – рече добитничката Станојоска.
Стојаноска е вработена како професор на Факултетот за драмски уметности Скопје, дипломирала општа и компаративна книжевност а магистрирала и докторирала театрологија. Таа е една помладите добитнички на престижно Рациново признание, заедно со плејада автори кој ја одбележале македонската литература.
Роман „Јас и Лин, отпосле“ бил напишан пред 12 години. Чекал во различни фиоки, авторката конкурирала во повеќе издавачки куќи за ,,Блесок,, да реши да го објави лани.
„Почесното Рациново признание“ за 2017 година за прв пат постхумно му се додели на Хрватот Предраг Матвеевиќ, за неговите заслуги за афирмација и промоција на македонскиот јазик, книжевност и култура во странство. Оваа одлука е донесена од професорите доктор Јелена Лужина и Људмил Спасов.
Пред присутните обраќање имаше Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Тој истакна дека Рацин е синоним за Велес, првата асоцијација за градот.
Mанифестацијата „Рацинови средби“ е нешто по кое Велес е препознатлив не само во државата, туку и надвор од неа. Тоа е манифестација која над половина век го слави ликот и делото на најголемиот македонски поет Коста Солев Рацин, основоположник на современата македонска поезија – порача Чадиев.
На завршувањето на манифестацијата пијано концерт имаше Дамир Имери а завршната вечер започна со ново ,,азбучарење по Рацин,, перформанс подготвен од организаторот, во кој секоја буква од македонската азбука е поврзана со Рацин.
Tweet |