Петар Печков
Објавено: четврток, 08 февруари 2018
Мајка на дете пациент од детското одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес, реагира за како што тврди лошите услови кои владеат таму. Таа преку фотографии, документира и ја покажува моменталната состојба, што за неа е недозволена.
Кога моето дете лежеше на ова одделение, примаше инфузија, над главата му беше отвор од водоводна цевка, која прокапуваше. Има и бубачки, врие од нив - кратко напиша мајката. Во прилог на ова ги покажува фотографиите.
В.Д. директoрот на ЈЗУ Општа Болница Велес сци д-р Димитар Стровјаноски, смета дека ова се злобни коментари зад кои стојат невистини, со цел да се создаде лоша слика за новото раководство.
Веднаш по моето доаѓање на оваа позиција, беа верификувани сите проблеми, лоши состојби кои ги наследивме во зградата, но и во дисперзираните објекти. Во овој период преземавме повеќе активности за санирање на наследените состојби. За алармирање по новонастанатите проблеми, од страна на вработените, реагираме веднаш . Така на невропсихијатрија, каде имаше многу поголема дупка од оваа, ја санираме за да на губиме топлина. Имаме уште многу работи за подобрување, меѓутоа, на детско одделение досега не сум добил пријава од вработените дека капело, иако отворот е стар со години и таков го затекнавме, и никаде нема влага од протекување. Што се однесува до бубашвабите, ги преземавме сите мерки, кога има појава на овие инсекти. Навиките на пациентите, нивните роднини, дел од вработените, да носат поголеми количества на храна носи и некоја бубачка. Може инцидентно да се појави некоја, но ние веднаш реагираме, се преземаат дополнителни прскања на некои одделенија. Не можам да предвидам што се може човечкиот ум да стори, за да прикаже некоја лоша состојба. Ова е чиста местенка, да се прикажат состојбите во Болницата, такви какви што не` се - рече Стровјаноски.
Tweet |