речник контакт

Реакција на закупците од зградата на поранешен Синдикат за предвремен раскин на договорот

Од локалната власт објаснуваат дека архитекти кои работеа на проектот, инсистирале на просториите од главата улица, иако биле понудени други на други локации

Петар Печков

На прес конференција закупците на две простории, во поранешната зграда на Синдикатот,  каде  тие извршуваат дејност, реагира на предвременото раскинување на договорот од страна на сопственикот, Општина Велес.  

Сметаат дека со тоа 11 семејства, колку што има вработени, ќе останат на улица.Со одука на Советот, тука во овие простории треба да се адаптираат и да има т.н. „Европска куќа“.  

„Во истите простории, успешно остваруваме дејност 14 години. Со оваа еднострана одлука за раскин на договорот, во време на енергетска и економска криза, во време на пандемијата на ковид, кога редовно плаќавме кирија и други давачки кон државата, 11 наши сограѓани ќе останат на улица. Со овој неевропски гест, не се гради Европска перспектива. Верувам на желбата на градоначалникот Колев, со отворање на т.н. Европска куќа, да направи добро за градот, но ме изненадува и ме плаши што  тука има отворено информативно туристичко биро, исто со Европски пари а кое стои две години и не работи. Во другите градови во Македонија, каде се формираат вакви „Европски куќи“просторот  е минимум 80 м2, Општина Велес нуди 300 м2, со што овие дуќани се затвораат. Не знам какви стандарди за Европска куќа исполнуваат овие простории, во однос на статиката, за зграда градена 1950 година. Можеа таа Европска куќа да ја постават и во Хотелот Вила Зора“ - кажа Ангел Јанакиев сопственик на обложувалница, која работи во една од просториите.

Другата е продавница за козметика а има и трета просторија каде е канцеларија на Министерството за информатичко биро.     Договорот на едниот корисник завршувал на крајот до годинава а на другиот за две години.  Упатува апел до евро амбасадорот Гир, до градоначалникот Колев и министерот за локална самоуправува Пенов, да ја преиспитаат одлуката за нејзино отворање, во просториите каде теи работат.

На последната 22 седница на Советот на општина Велес, на дневен ред беше точката со која се изврши пренамена на неколку простории за потребите на „Европска куќа“.  Точката беше усвоена со мнозинство гласови.

Во 2019-та година Европската унија го трансформираше својот ЕУ Инфо центар и го ребрендираше во „Европска куќа“, со програмски содржини прилагодени за потребите на младите.  Европската куќа функционира како центар  кој ги опфаќа младите, преку различни видови активности поврзани со образование, иновации, култура, дебати,  при што се промовираат ЕУ и нејзините вредности и  принципи.

„Инфо центар постеше и работеше во просторијата на  Граѓанскиот сервис центар, но со неговото, значење,  прераснување   и новиот Закон, дојде до потреба да се обезбеди поголем простор, каде што ќе може да профункционира оваа Европска куќа“ - кажа Елизабета Јовчевска, правник во Општина Велес.    

„Кога дојдоа архитектите кои го работат проектот на ЕУ, побара просторијата за Европската куќа да биде во централно подрачје. Ние понудивме други локации, но тие бараа да биде во центар.  Беше земи или остави, или проектот ќе отидеше во друга општина. Тој избор е нивен, на проектантите од ЕУ,  не наш. Одлуката не беше лесно да се донесе. Во наредните години тој проект ќе се надградува, зградата да заживее. Годинава ЕУ предвиде три града каде ќе градат Европска куќа“-изјави градоначалникот Колев.   

„Во 2019 година на лицата кои го работат проектот им беше понудена просторијата на  Народната кујна во  месноста Дворови за оваа Европска куќа. Тие ја одбија бидејќи била небезбедна, имало железнички премин. Се решија за внатрешната просторија, каде беше кино салата  11 Октомври. Но подоцна како што рекоа, поради нарушена статика, ги избраа овие простории кои се на главната улица“ - кажа  Владимир Смилев  задолжен за млади во локалната власт.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »