Петар Печков
Објавено: недела, 29 мај 2016
Дванесет екипи учестуваа на хуманитарниот турнир во мал фудбал, кој собра екипи на повеќе македонски љубители на европски фудбалски имиња. Имаше љубители од повеќе македонски градови.
Сите тие играа за да се соберат што повеќе средства, да се помогне на Николче Александров, чија куќа изгоре во пожар пред десетина дена.
На ракометното игралиште настапуваа фанови на Ливерпул, Арсенал, Барселона, Партизан, Реал, Јувентус, Интер, Манчестер јунајтед...
По интересни натпревари победи екипата на Реал која со 2:1 го победи Манчестер јунајтед во финалето. Во борбата за трето место организаторот Баерн од Минхен славеше на пенали над Јувентус 3:2 откако во регуларните 20 минути беше 1:1. Во полуфиналето Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед 2:5 и Реал - Јувентус 4:0. Најдобар стрелец на турнирот беше Тале Трајков фан на Манчестер јунајтед с о 8 постигнати гола на 4 натпревари.
Tweet |