Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јули 2018
Членот на граѓанското здружение ,,Вардарска регата,, која е организатор на истата, Ангел Гушев го откри датумот кога ќе се одржи годинашнава манифестација. Тој само кратко на неговиот ФБ напиша од 23 до 26 август.
Ова доаѓа откако претходно градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција најави дека регатата ќе биде дел од содржините на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, кој е во тек, но истата ја немаше.
Бидејќи истовремено , во истиот период со ФАД Стоби, велешките извидници беа дел од 12-тата смотра на извидниците на Македонија во Скребатно кај Охрид, како носители на организацијата на регатата, истата ќе се одржи на крајот од август.
Tweet |